Покрај земјотресите и во јули пораснал бројот на туристи

И покрај илјадниците земјотреси и во месец јули пораснал бројот на туристи. Ова го потврди официјалната статистика.

 Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153 435, а бројот на ноќевањата изнесува 584 014.

Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18.3%, а бројот на  ноќевањата е зголемен за 10.9%.

Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3.0%, а бројот на  странските туристи е зголемен за 32.8%.

Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 17.6%.

 Најбројни се туристите од Турција дури 25 000 , после нив следат Србите со бројка од околу 8000, потоа Холандија и Полска со речиси исто околу 5000 туристи, а потоа гостите од соседна Бугарија со околу 4000. Иако заводот за статистика не го издвојува Охрид од останатите градови сепак во посетеност предводат езерските места со 89 157 со 457 023 ноќевања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани