На единаесет дена до првото издание на Планинарска трка Охрид треил-2019, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ и здружението ТРЕКС имаа работна средба со координативното тело и државните инстутиции кои се инволвирани во организацијата.
Со одржувањето на работната средба започнаа финалните подготовки за Планинарска трка, која ќе се одржи на 25 мај во две далечински категории, 35 и 60 километри, ќе има задача да ги промовира градот Охрид, планината Галичица и нејзините убавини и вредности.
– „Нов предизвик за нас како Асоцијација за спортови, кој го работиме партнерски со ТРЕКС од Скопје. Ни преостануваат уште десет дена до финалните подготовки за првото издание на Охрид треил. На наша иницијатива одржавме работна средба на координативното тело се` со цел организацијата да биде на високо ниво. Сите ние најголем акцент ставаме на безбедноста на учесниците и нивното здравје. Двете трки на 35 и 60 километри континуирано ќе бидат пратени од здраствени и спасителски служби и волонтери со големо искуство од вакви настани,“ изјави преставникот од Асоцијацијата за Спортови.
До сега учеството го имаат потврдено над 150 натпреварувачи од 18 земји, а последен ден за пријавување 19 мај.
– „Пријавувањето е рамките на очекуваното. Имаме вкупно 155 учесници кои официјално го имаат потврдено доаѓањето на Охрид треил, а очекувме да го сторат и останатите кои го имаат најавено учеството. Подготовките течат во најдобар ред и полека финишираат. Денес имавме работна средба со Локалната самоуправа и инстутициите и се координиравме со задачите пред и за време на тркат“, рече Дејан Крле од ТРЕКС.
Тој додаде дека временските услови не се клучен фактор во настанот и оти сите натпреварувачи се свесни за предизвиците.
–„Временските услови не се клучен фактор во настанот, бидејќи сите учесници се искусни и свесни за предизвиците со кои се сочуваат по трката. Во текот на трката може да се случи да врне снег и дожд, а потоа да изгрее сонце, а всушност тука е целиот шмек што го нуди трката. Добриот прием и соработка со домаќините ни дава голема надеж и самодоверба дека се ќе помине во најдобар ред и учесниците ќе си заминат од Охрид полни со позитивни впечатоци“, – дополни Крле.
Пријавувањето за учество на Охрид треил, сите заинтересирани можат да го направат на официјалната страна ohridtrail.mk и да биде дел од новиот спортски настан во Охрид.
https://ohridtrail.mk/en/