Меѓународен енергетски форум во Струга

Меѓународна конференција за енергетика „Македонски енергетски форум-МЕФ 2019″ на тема „Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност” од денескка до петок ќе се одржи во струшкиот хотел Изгрев.

 

Конференцијата утрово  официјално ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а на неа ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.

Расправата ќе се одвива преку пет панели кои ќе третираат теми од регионалните предизвици во приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасот, како и посебен панел за родовата застапеност во сферата на енергетиката.

Конференцијата е во заедничка организација на АД Електрани на Северна Македонија, Владата, Амбасадата на САД и невладината организација ЗИП Институт, пишува МИА.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани