Точно пред една година на 27 април 2017, во приквечерните часови, се случи упад во македонското Собрание од страна на протестантите од движењето „За заедничка Македонија“.
Околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието , за да го спречат нелегитимниот избор на Талат Џафери за претседател на Собрание на РМ, откако претходно беше објавена коалиција меѓу ДУИ и СДСМ.
Упадот се случи во 19 часот, кога маскирани лица беа пропуштени од собраниското обезбедување и упаднаа во салата за новинари , каде конференција за печат држеше новоизбраниот претседател Џафери. Претходно, неколку пратеници на ВМРО ДПМНЕ, ги отстранија металните прачки од вратите на законодавниот дом, со што го овозможија влегувањето на масата народ.
Нападот врз македонското Собрание беше кулминацијата на двегодишната политичка криза, најголема од осамостојувањето, а заради објавените нелегално прислушувани телефонски разговори.