Една година програма на македонски јазик на Втората програма на албанскиот национален сервис.
Со ентизијазмот на екипата од млади етнички Македонци кои живеат во Албанија, секако и со разбирањето на албанскиот национален сервис- Радио телевизија на Република Албанија (РТШ)-2, веќе една година, на Втората програма (РТШ)-2, во рамките на Програмата на емисии на јазиците на малцинствата, течат информативните и други содржини на македонски јазик.

Покрај вести, се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ги промовираат и ги афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите останати вредности на бројното македонско малцинство.
Емисијата на македонски јазик на РТШ2 се емитува секој ден, од понеделник до петок, со почеток во 20.30 – 21.00 часот.
На почетокот,во термин од 5 – 7 минути се кратките вести, а во останатите минути се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, традиција, обичаи и слично.
– Ми преставуваше голема чест што токму јас ги презентирав првите кратки вести на македонски јазик. Тоа чувство, кога се обраќате на мајчин јазик е преубаво и неповторливо – вели, првиот водителот – уредник, Нико Китани, кој истовремено е претставник- член на владиниот Комитет за национачните малцинства на Албанија.
Китани, истовремено, искажува голема благодарност кон тимот кој старувавме уште на самиот почеток, како што нагласува, без умор и со доброволно работење.
Тоа се Естела Ѓурѓај, Теодора Танас, како и Маријана Костоски и Илче Костоски, кои се уште без умор продолжуваат да ги преведуваат и читаат вестите на Македонски јазик на втората програма на Албанската Радио Телевизија РТШ2.
Голема благодарност упатува и до Македонците од Канада и Австралија, кои на почеток многу им помогнале.
Пред две децении, за Македонците од регионот на Мала Преспа, во Пустец, радио станица “Мала Преспа”, опреми и во обуката на кадарот помoгохридското Радио супер, на иницијатива на тогашниот амбасадор на Република Македопнија во Република Албанија, Ристо Никовски. (Крај)
Веле Митаноски
