Охридските едриличари денес побараа место за паркирање на градското пристаниште.
Велат дека заради новите патнички бродови ускратено им е правото да се усидрат на пристаниште.Токму поради тоа ја одложија манифестација „Охрид лејк сејлинг кап“.
-„Барме од локалната самоуправа и од надлежните институции да продолжиме со организација на манифестацијата бидејки дел од пристаништетот е блокирнао од бродови и не сме во можнст сите едрилици да учествиваат , да бидат пуштени и усидрени за манифестацијата “Ohrid salling cup“. Бараме да се обезбеди место за сите едрилици. Младите деца да можат да едрат не само нашите едиличари од Охрид туку и од дригите градови“, рече Стефан Ставрески од едричарскиот клуб.
Време е Охрид да размислува за развој на едриличарството како еколошки спорт.
-„Како еден од организаторите на едриличарската спортска манифестација сакам да го искажам мојот револт на безаконието во однос на пристаништето. Би сакал да се обратам до министерството за транспорт и врски да ги преземат сите можни мерки да се воспостави ред. Воедно и до управата за јавни приходи да ги преземе мерките за дивеењето на градското рпистаниште. Мораме да ги одложиме сите активности на “Ohrid salling cup“ бидејќи не сме во можност да ги спуштиме едрилиците заради паркираните бродови кои не пловат.Во контакт сме во капетанијата , капетанот изјави дка е само советодавно тело и дека не може да ги реши овие проблеми. Затоа од министерството за транспорт бараме да се почитува редот што се воспостави минатата година. Едната половина од пристаништето да биде за едриличарите , а другата за бродовите“, вели Михајло Арнаудов ериличар и организатор на “Ohrid salling cup“.
Охридското пристаниште е изградено во триесеттите години од минатиот век и повеќе од потребно е изградба на уште еден крак за безбедно паркирање на се поголемиот број на пловила.