Во Охрид работилница на тема „Безбедноста дома“

Во Недела (23.06.2019 година) во 12.00 часот во салата на Собранието на општина Охрид, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување заедно со Министерството за внатрешни работи и општината Охрид во рамки на проектот „Безбедно дома„ организираат стручна дебата на тема „Безбедноста на домот-преку превенција на новите закани и безбедносни ризици”.

На стручната дебата ќе говорат претседателката на Комората на Република Северна Македонија м-р Верица Милеска Стефановска, Живка Ангеловска Претседател на советот на општина Охрид, Сашо Смилески Началник на СВР Охрид, професорите д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, д-р Александра Деаноска Трендафиловска од Правниот факултет-Скопје и проф. д-р Пере Аслимоски – Факултет за туризам и угостителство, како и претставник на Сектор за превенција при СВР Охрид, претставници од локалните самоуправи и телата за домување, станбен и деловен простор и секторот за превенција на Министерството за внатрешни работи и други институции од безбедносниот систем на државата.

-„На дебатата од повеќе аспекти ќе се говори како преку превенција на новите закани и безбедносни ризици може да се зголеми безбедноста на домот и личната безбедност на секој поединец и семејствот и за значењето на примената на концептот на јавното-приватно партнерство во обезбедувањето на имоти и лица. Преку подигање на свеста кај граѓаните и навремето превземање на мерки и активности ќе се подигне важноста и одговорноста за безбедноста на домот, пред се третирајќи ја од перспектива на правилна превенција и превземање на соодветни активности и мерки за гарантирање на максимална безбедност на домот и семејството“, информираат организаторите.

Особено е важно што оваа дебата на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Министерството за внатрешни работи и во Охрид се оддржува пред сезоната на годишни одмори кога се зголемува нарушување на безбедноста на домот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани