Градоначалникот очекува позитивен исход во Баку

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески очекува позитивен исход од  Баку. 

 

Тој уверува дека  општина Охрид во најбрз можен рок се заложи за решавање и спроведување сите забелешки на Комисијата на Унеско со цел Охрид да не се најде на црната листа загрозено светско наследство. 

-„Повеќето наши задачи се исолнети. Наша задача беше да го изготвиме Регистарот на градби, тој е изготвен. Во таа бројка не си сите дивиградби во крајбрежје и во заштитен појас. Во бројката од 600 дивоградби има и урбана опрема, има и прозор, гаража.Немаат сите предмети иста тежина. Ќе се прави селекција на дивоградбите во крјбрежен појас и националниот парк. Мислам дека до среда ќе го имаме финалниот број. Препораката за отстранување на палмите и билбордите го завршивме како општина. Имавме редукција на сообраќајот во Сатр град еве и тоа ќе го направиме со поставувањето на рампи и регистрација на картички. Мислам дека овој пат тоа ќе функцинионира се ќе се контролира преку еден команден центар а ќе има и видео надозр и луѓе контролори“, рече градоначаникот Константин Георгиески. 

И Владата со формираната работна група презеде чекори со цел во Баку да се потврди дека Охрид заслужува да остане на листата светско културно и природно наследство. 

„По однос на главнитите забелешки на реактивната комисија на Унеско  до државата  беа за автопатот од Струга до Требеништа  а  по оваа точка веќе се преземени сите координации по препораките на Унеско. Ние имаме проект само од Требеништа до Струга , проект од Струга до Ќафасан  немаме, а главна забелешка беше делницата од Струга до Ќафасан по днос на еден стар прокт кој што не е предмет на реализација. Се разгледува и прашањето по однос на железничката пруга. Очекувам позитивен исход во Баку“, додава Георгиески.

Во Баку ќе патува цел владин тим на чело со министрет Едмонд Адеми, таму  за Охрид ќе се расправа три денови. Од први до четврти јули. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани