Едукативна кампања за учениците во Охрид

СВР Охрид и Отсекот за превенција, со помош на мисијата на ОБСЕ и РСБСП , вчера со учениците од прво до трето одделение од основните училишта, ја реализира превентивно-едукативната кампања  „Остани безбеден“.

 Со типизирани предавања но и практично-преку поставен сообраќаен полигон, на учениците им беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот, им беше посебно укажано од потребата за внимателност од преминување преку коловозите и на пешачките патеки и премини како и почитување на поставената патна сигнализација. Кампањата претставува обид за подигнување на сообраќајната култура кај најмладите и активност за одбележување на 11 мај – “Ден на култура во сообраќајот“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани