Општина Дебрца денес реализираше голема еколошка акција на потегот од селото Ботун до селото Белчишта, информираше градоначалникот Златко Сиљаноски.
Во акцијата, во која учествувала општинската администрација, биле собрани повеќе од 80 вреќи отпад, со што значително е подобрена чистотата на овој потег.
Градоначалникот посочи дека ваквите активности се доказ за посветеноста на локалната самоуправа кон заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.
Тој упати благодарност до сите учесници и апелираше грижата за природата да остане заедничка обврска, со цел Дебрца да остане чиста и уредна и за идните генерации.




