Еко кампања „Моја Преспа- Чиста Преспа“

„Чиста Преспа Моја Преспа“ е мотото на големата еко кампања , која денес на Светскиот ден за заштита на животната средина започнува во општина Ресен.

Целта на овој проект е расчистување на депониите и уредување на плажите вдолж Преспанското езеро.

Лоцирани се 17 диви депонии кои во рок од еден месец ќе бидат комплетно расчистени.

-„Секој нека тргне од својот двор од својата улица, од своето маало а ние како општина со сите наши ресурси ќе се потудиме да ја направие Преспа најчиста повшина во нашата држава“, вели Живко Гошарески градоначалник на општина Ресен.

Амбасадори и поддржувачи на кампањата се познатите актери од популарната серија Преспав. Кампањата ја поддржаа и повеќе јавни личности од земјава.

-„Секој двор да си го исчистиме зш тој ќе ни биде убав нели достоен за да ни додјат гости. Зш ако не си прочистиме кај Бончо кој ќе му дојт таму, нема никој да му дојт.И да не фрламе батерии и пластични шишиња во езеро зш тие нема да се наполнат“, вели Владимир Тулев актер.

-„ Јас се надевам дека токму со оваа акција ќе допреме буквално до секој поединец, бидејки сите ние жиееме под истото сонце, а нашиот заеднички дом е планетата Земја која треба да се потрудиме да ја оставиме чиста на идните генерации“,вели Маријана Стојаноска водителка.

Ќе се чистат плажите во Стење, Коњско, Претор, Крани, островот Голем град, природниот парк Езерени, а еко акции ќе има и во градот Ресен.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани