Судбината на вредната нумизматичка колекција пред 12 години ја разбранува јавноста откако Сосиете женерал заедно со мнозинскиот пакет во Охридска банка ја доби и колекцијата од 1.700 монети датирани од 6 век пред новата ера до 19 век.
Кому му припаднаа 1.700 монети заштитени со Закон од колекцијата на Охридска банка, откако доминантниот сопственик, француската групацијата Сосиете женерал, пред два месеца продаде најголем дел од акциите на Шпаркасе банка, чиј сопственик е австриската Штаермеркише банк?, истражува порталот Факултети.мк.
За колекцијата директно е надлежен Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, како и Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура. Кога беше формирана колекцијата, беше изложена во посебна поставка во Старата чаршија во Охрид. Во меѓувреме, со дислокацијата на седиштето на Охридска банка во Скопје, беше преселена и колекцијата. Од Охридска банка за Факултети.мк велат дека монетите денес се изложени во соодветно адаптиран простор, специјално уреден за таа намена во центарот на Скопје, каде што се наоѓа и депото.
Целата сторија тука