Повисоки плати за вработените во културата

Почнувајќи од минатиот месец, 2.899 вработени во културата ќе имаат зголемување на платите, соопшти синоќа  владината прес-служба по одржувањето на 135 седница на Владата на Република Северна Македонија која ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности.

 

-„Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените и во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата. На седницата констатирано е дека Министерството за култура е во фаза на подготовка на нов Закон за јавниот интерес во културата, кој ќе биде усогласен со новите измени на законите од областа на јавната администрација, односно со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, и по неговото усвојување ќе се создадат услови за ново усогласување на платите во културата“, појаснуваат од прес-службата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани