Насилникот со ножот им се заканува на гостите.
Охридската полиција го фати и му поднесе кривична пријава на насилникот Ф.А. (25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.
-На десетти овој месец, околу 00.50 часот пред угостителски објект на улица „Коста Абраш” во Охрид, пријавениот, под дејство на алкохол, со нож им се заканувал на гостите. Во обид да го спречи во заканите и да му го одземе ножот, В.Х.(43) од Охрид се здобил со повреда во пределот на раката, соопшти Стефан Димоски, портпана СВР Охрид.
