Забранета за пиење водата во струшко

Заматена водата во Струга.

 

Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28.11.2018 г., констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски слузби за натамошно постапување. Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ке информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

Ова не е  прв пат водата во струшко да биде загадена. Тоа се случува редовно при врнежливо време. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани