Ќе се гради најавената поликлиника во Охрид , уверува министерот за здравство Венко Филипче.
Изработена е физибилити студијата останува да се избере локацијата. Се разгледуваат повече опции една од нив е локацијата кај здрватвсен дом или популарната „маларична“, другата е во склоп на болницата каде веќе има полуизградени објекти.
.jpg)
Филипче ветува и Струга ќе добие нова современа болница.
-„Во Струга се работи урбанистичкиот планние сме во честа комуникација со градоначалникотќе се изрботи планот кој ќе дозволи изградба на нов современ здравствен објект на нова локација не на местото на старата таму нема услови. Струга заслужува нова болница оваа е дотраена веке нема услови за квалитетни здравствени услуги, кои бараат современа инфраструктура. Така да интензивно работиме на тоа и го разгледуваме моделот како ќе се гради истата дали тоа ќе биде преку приватно јавно партнерство или преку кредит“, вели министерот за здравство Венко Филпче.
.jpg)
Се прават напори и охриѓани и стружани да имаат квалитетна здравствена услуга. Министерот најави вработување за секој млад доктор.
-„ На почетокот на минатата година направувме една анализа која што покажа дека вкупниот број на лекари кои недостигаат беше 600. Во минатата година успеавме да вработиме во здравството 3200 луѓе кои беа вработени во 2018 година најмногу доктори и медицински сестри. Воведуваме нова програма согласно со измена на законот за здравство, а тоа значи дека секој млад доктор кој ќе го заврши испитото во лекарската комора и добие лиценца за работа автоматски ќе добие и платена позиција. Сметаме дека овој педиод од 6 месеци е неопходен за младите лекари да стекнат искуство во примарното ниво за што обезбедивме средтсва“, вели Филипче.
.jpg)
Министерот Венко Филипче во денешната посета на охридската болница преку разговори со менаџерскиот тим се запозна со проблемите со кои се соочува јавната здравствена установа.

Воедно беше присутен на примопредавањето на амбулатно возило донација за охридската болница од Балкан медиа груп.
.jpg)
