Повторно во застој градежните работи на автопатот Охрид Кичево.
Овој пат се чека одобрување на нов кредит од страна на кинеската Ексим банка, изјави за DW вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Автопатот Миладиновци-Штип е пред свечено пуштање во употреба, а автопатот Охрид-Кичево, кој започна да се гради истовремено пред пет години, остана заглавен не е ни до пола изграден.
– За автопатот кон Охрид чекаме да се продолжи кредитот. Техничките проблеми се решени, постигнавме договор и таму направивме заштеди од 92 милиони евра затоа што се намалија цените. Законот за договорот за задолжување од Ексим, кинеската банка, истече во јануари и сега чекаме тој да се пролонгира за да можат да продолжат активностите. Работата е во кинеската влада и таа треба да даде дозвола за кредитот да биде пролонгиран. Во кредитот има средства кои не се потрошени, но имаше рок до кога тие треба да се влечат. Рокот беше до јануари и сега очекуваме тој да се продолжи, објасни вицепремиерот Анѓушев. Тој очекува до крајот на месецов да се реши сѐ и веќе од април да имам интензивно градење на терен. Според планот, сѐ треба да се заврши до 2021 година
