На 13-тата седница на Советот на Општина Охрид донесовме ПРОГРАМСКИ ДОКУМЕНТ за финансиска поддршка за ученици, студенти и наставници како Општина за пример која го вреднува остварениот успех на учениците и менторите.
ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И НИВНИТЕ МЕНТОРИ (еднократно):
Државен натпревар
Прво место по 10000 ден.
Второ место по 7000 ден.
Трето место по 4000 ден.
Меѓународен натпревар
Прво место по 18000 ден.
Второ место по 15000 ден.
Трето место по 12000 ден.
НАГРАДА ,,ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА” во основните и средните општински училишта во вредност од 10000 ден.
Пилот-проект „ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ” во ООУ „Св. Климент Охридски“ и ООУ „Христо Узунов“ за учениците од 5-то и 6-то одделение.
Проект „НАШИТЕ ПРВАЧИЊА” по 3000 ден. за секое запишано прваче.
Стипендии во износ од 2000 денари месечно, за 9 месеци на ученици од општинските основни и средни училишта:
Талентирани ученици од I одд. до IV год. кои освоиле прво, второ и трето место на регионални, државни и меѓународни натпревари;
Талентирани ученици од I година запишани во средните училишта;
Ученици од I одд. до IV год. кои живеат во потешки социјални услови;
Посебни остварувања на ученици од I одд. до IV год. и постигнале значајни резултати во областа на спортот, литературата, музичката, ликовната уметност и други вештини.
Студентски стипендии во износ од 3000 денари месечно, за 9 месеци:
Редовни студенти од општина Охрид на додипломски студии во I година на државни универзитети во други земји, кои живеат во потешки социјални услови;
Редовни студенти од општина Охрид, на додипломски студии во I година, на државните универзитети во РМ, кои живеат во потешки социјални услови;
Студенти од општина Охрид запишани во прва година на факултети односно струки кои се ДЕФИЦИТАРНИ во општина Охрид.
Стипендии на ученици во основно и средно образование, студенти, магистранти и докторанти кои се ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ, а живеат во Охрид, во износ од 2000 денари месечно за 9 месеци, а за студенти, магистранти и докторанти износ од 3000 денари месечно за 9 месеци.
ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК, еднократно ќе се доделат по 6000 денари, мерка наменета за студенти од општина Охрид кои студираат надвор од Охрид, а потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни семејства и еднородителски семејства.
БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ кои ќе учествуваат на регионални, државни и меѓународни натпревари.
ПРОШИРЕНА ПРОГРАМА ВО УЧИЛИШТАТА, организирање секции, клубови и натпревари надвор од наставната програма за откривање на надарените и талентираните ученици.
ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ за учениците во групи
ТУТОРИ ИЛИ МЕДИЈАТОРИ за учениците со посебни образовни потреби.
ПЕРСОНАЛНИ АСИСТЕНТИ за работа со учениците.
Учениците и наставниците се нашата гордост, нашата иднина!
Образованието на пиедестал, пишува советникот Перчо Божиноски.