ФОТО: Џунгла во центарот на Охрид

Ова место во центарот на Охрид за едни е џунгла за други депонија.

Задната страна на охридскиот дом на култура „Григор Прличев“ е џунгла и депонија во исто време. Тоа место иако е фрекфентно, е толку запустено, неуредено, оставено само на себе, обраснато со џбун од треви и вегетација, да просто е неверојатно.  Местото е идеално за змијарник а навечер е неосветлено и одлично за снимање хорор филмови. Ова место пред кое е паркинг простор и е во близина на реномиран охридски ресторан, има груба бетонска стаза,таква е со векови и е непоплочена. А од тука често  се „влегува“ во домот на културата на разни претстави, промоции и слично. Како е можно, години со ред, никој од установата која треба да биде храм на културата и каде има прави професионалци, да не го забележува ова место кое е голем срам за сите. Дали на тој начин се манифестира личната и колективната некултура кон институцијата каде што работите и творите и кон градот-лулка на писменоста и културата.Ова дотолку повеќе што задниот двор од Домот на културата е преполн со треви, трески и некакви никакви реквизити.Каде е тука одговорноста на надлежните и дали имаме работа со општествено неодговорна институција? И крајно време е, да не се правиме слепи и да го видиме ова место-грда слика на Охрид. Секако, и да го уредиме соодветно. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани