Фото: Фрескоживописан и преосветен манастирот Свети Јован Владимир во Подгорци

После еден век од изградбата ( 1924-2024 ) на манастирот. Повторно се изврши фрескоживописување на Свети Јован Владимир во Струшко-Подгорци. Тој е единствениот храм во земјава посветен на овој значаен светител. Црквата е изградена 1924 година. Издигнат во дабовата шума на источната падина на планината Јабланица на 910 мнв, на 15 километри од Струга. На ѕидовите се насликани уникатни фрески, кои досега не постојат никаде, тие го отсликуваат житието на Свети Јован Владимир.
Освен фреските кои се од житието на Исус Христос и Богородица, насликано е целокупното житие на Свети Јован Владимир во единствената црква единственото житие во Македонија. Сликарскиот живопис е дело на Кочанскиот конзерватор – рестовратор Тони Милцев кој во рекордно време го наслика. А овој убав потег е на самиот донатор кој го носи името на светецот Владо Пупиноски, кој што неговиот татко, популарниот пеач Секула Пупиноски е роден во ова подјабланичко село Подгорци. Додека пак мозаикот со ликот на Св.Јован Владимир, над влезната врата на манастирот е дело на подгорчанецот Косте Костоски Перо Шутиноски од Вевчани.
На 4 јуни секоја година во манастирот Свети Јован Владимир (СВЕТИ-ЈОНЧЕ) во струшкото село Подгорци, се држи богослужба во чест на светиот маченик Јован Владимир. Богослужбата и пеењто на светиот леб што секоја година го носи стариот кум а оваа година кумството го имаше семејството на Владо Пупиноски, го изведе свештеникот Димитрие Павлески од ова село во придружба на Неговото Високопресвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Тимотеј со свештенослужителите.
Пред илјадници христијани што го посетија Св.Јован Владимир, за да го одбележат денот посветен на великомаченикот како и пред гостите од околните села Вевчани, Лабуништа Боровец, како и од градовите Струга, Охрид и пошироко…
Манастирот „Свети Јонче“ како што го нарекуваат жителите на Подгорци го спонзорирале односно како донатори се јавуват Захарие и Тофил Р.Павловиќ и браќата Василеви, Петар Наумовиќ, Владимир Т. Ѓорѓевиќ ( 1925 ) како и со прилог на жителите од Подгорци, така стои запишано на манастирската камбана (ѕвонарот) издлабен во металот, забележале и препишале Стојан Кукунешоски и Сандре Младеноски-Ацо, при ртеконструкцијата на манастирот во 1999 година.
По одржаната богослужба се изврши чинот на преосветување и Архирејска литургија на ново уникатните фрески, со која чиноначелствуваше Неговото Високо – преосвештенство Митрполитот Дебарско-кичевски г. Тимитеј, со  свештенослужителите во присуство на семејството и на самиот донатор Владо Пупиноски. Владо Пупиноски, покрај што беше донатор за фреските истовремено беше донатор за уредување на дворот, ајатите и околината на манастирот како и асфалтирање на пристапнипот пат до самиот манастир. Потоа се премина на предавањето на кумството од страна на стариот кум Владо Пупиноски на новиот кум Влатко Стојаноски од Охрид, зет на на семејството Пупиноски.
За Подгорци, како и за пошироко овој манастир има ограмно значење, како едно вредно верско место, историско, културно каде што повеќе пати во годината се собираат верниците. Исто така и многупати друштвото на Црногорците го имаат посетено овој манастир како гости на овој ден и имаат подарено икони.
По одржаните протоколарни церемонии беше организиран свечен ручек од страна на стариот кум Владо Пупиноски, проткаен со културно-забавна програма  која прерасна во општонародна веселба а учество зедоа: популрниот естраден уметник Евто Пупиноски кој е по потекло од ова село како и КУД „Дримкол“од Вевчани.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
ФОТОГАЛЕРИЈА:
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани