Пред неколку денови хумани момци спасија куче фрлено во Охридското езеро.
Некој го шутнал а сиротото куче завршило во еерото. Додека било во агонија немајќи како да излезе од ладната вода, минувачи од кои едниот туристи од Србија заедно го извлекле од вода.
-Додека некој ги труе, чест на ваквите луѓе кои го извадија кучето од езерото… и јас трчав да помогнам, но овие двајца луѓе беа побрзи од мене. Загрижени што кучето нема од каде да се качи на аовој дел од кејот легнаа на земи, не им пречеше што врнеше и го спасија.
Еден од луѓето беше турист, Србин. А тој што го шутна кучето в езеро (да, го видов чинот) не знам, напиша Јордан Коцески на својот Фејсбук профил.

