ФОТО: Илјадници верници на величествената литија во Струга

Во градот на мостовите попладнево  величествено. Илјадници верници сплотени во молитвата ја осветија Струга. 

 По деветти пат се одржа торжествената струшка литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, која годинава беше збогатена и со благословот на Сепречистата Владичица наша Богородица, преку нејзината чудотворна икона Крнинска, од Манастирот Пречиста Кичевска, носена од четворица кичевчани.

Традиционално, и овој пат, во храмот на Великомаченикот во Струга прво беше  отслужена ктиторската вечерна богослужба, а после тоа се одржа најмасовната литија низ градот. На чело на самата Литија беше  член од Бигорското братство, кој традиционално го  биеше клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните икони на Св. Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј и други Митрополити, и најпосле, најголемата светиња – моштите на Светиот во раскошно украсениот епитаф. 

-„ Она што особено денес не радува совен благословот на Свети Ѓорѓи оживеан преку неговите мошти и чудотворната икона е присуството на уште една чудотворна икона тоа е пречистанскиот образ на мајката божја.Тоа е она што годинава го рпави амбиентот навистина посебен јас нависитна верувам и силно чуствувам дека присуството на Богомајката и на победоносецот се тука меѓу нас, силно не благословуваат и чекорат со нас во литијата“, вели сетсра Ефимија од манастирот Рајчица.

 

-„Секоја година учествувам во литијата во чест на Свети Ѓорѓи и се пораосно и поблагодатно особено поради тоа што ваа литија се паѓа во пасхалниот период и тогаш милоста и благодатта божја уште еднаш ни ја испараќа онаа единствена небесна радост исто како на Христовото воскресение, вели една верничка. 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани