Ова е една од најстарите фотографии поврзана со охридскиот крај.
Локцијата е село Трпејца, денешното популарно туристичко место, кое македонскиот џет сет го нарекува Сан Тропе.
-„1905 Година,една од најстарите слики поврзана со нашиот крај Охрид и Охридско езеро напраена од страна на Британски истражувачи на Балканските земји во то време“, објавија администраторите на фејсбук групата „Пештани“.
Видно изменето после повеќе од еден век. Некогаш рибарско село, денес позната атрактивна туристичка населба. На фотографијата се гледаат неколку мали скромни куќарки, денес раскошни ресторани и угостителски објекти.
Трпејца во 1905 година:
Трпејца во денешно време: