Охрид домаќин на конференција за урбаната безбедност

Меѓународна конференција „Урбана безбедност – зајакнување на безбедноста во урбанизираниот свет“ започнува денеска во Охрид.

Во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет од Скопје, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и со Факултетот за безбедност од Белград, денеска во Охрид почнува меѓународната конференција „Урбана безбедност – зајакнување на безбедноста во урбанизираниот свет“. Според најавите, учество ќе земат и свои излагања ќе имаат околу 100 експерти од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Летонија, Германија, Португалија, Романија, Турција, Шпанија и други земји.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани