Зголемен бројот на туристи и ноќевања во Охрид

Бројот на странски туристи е зголеме за 12 а бројот на ноќевањата за 15 проценти.

Бројот на странски туристи е покачен за 12%, а бројот на ноќевања за 15% споредбено со изминатите две години, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Во првите два квартала од 2019 година, забележан е пораст од 1,3%, споредбено со истиот период 2018 година. За првите 6 (шест) месеци од 2019 година зголемувањето на бројот на туристи продолжува за 4%, додека ноќевањата за 2%, споредбено со 2018 година. И тоа, бројот на домашни туристи е зголемен за 5%, додека кај бројот на странски туристи има пораст од 4%. Бројот на ноќевања остврени од домашни туристи имаат пораст од 1%, додека остварени ноќевања по основ туризам од странски туристи имаат згоменување од 3%.
Според информациите, најбрзорастечките пазари(по број на пристигнати туристи) споредбено 2018-2019 година е Полска како туристички пазар (односно раст на бројот на туристи) има зголемување од 73%, Хрватска има раст од 53%, бројот на туристи од Словенија е зголемен за 32%, бројот на посети од Израел е зголемен за 32%, додека бројот на туристички посети од Албанија е зголемен за 19 проценти.

Social profiles