Уште не довршена комплетнаата изградба на рекреативната патека од каналот Студенчишта до хотелско туристичкиот комплекс „Парк“, патеката е искршена.
На десетина места има огромни оштетувања, чија санација се очекува да отпочне.
-„Како е можно за толку краток период да има толкави оштетувања. Веројатно не се градело како што треба“, коментираат охриѓани.
Изградбата на патеката започна во времето на минатата локална самоуправа, но не беше довршенаа. Изминатиот период започна проект за нејзино дозавршување, а веројатно и за санација на оштетените делови.
ФОТОГРАФИИ: