Вечерва во ЦК „Григор Прличев“ претпремиерно беше прикажана претставата „Балканска 3а/2“.
–„ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .
-„ Претставата е трилер кој има за цел да претстави антиопштествени форми на однесување кои го извитоперуваат денешеното живеење и го загрозуваат на некаков начин. Општо кажано беше интересно да се бара апсурд во начинот на игра. Границата со комедијата е нова и е на поразличен начин. Претставена е на неочекуван начин, не е лесна комедија туку е поинакво ниво на комедија, апсурд. Беше интересно да се бара тој апсурд преку начинот на актерската игра“, вели Батева за процесот на создавање на театарската претстава.
Премиера на претставата е закажана за понеделник 03.06.2019 година почеток 20:00 часот, цена 250 денари.
ФОТОГРАФИИ: