Бербер од Подгорци за пример, полуматурантите и изнемоштените ги средува бесплатно

Берберот Брицо од струшко Подгорци пример за сите.  Полуматурантите за табло и изнемоштените ги средудва бесплатно! 

Целата приказна за овој бербе ја пренесува Стојан Кукунешоски. 


Во берберницата „Младост“ во струшкото село Подгорци,секогаш врие како во кошничка од муштерии што постојано влегуваат и излегуваат.Муабетите за политика внатре се „забранети“,оти,како што велат муштериите – политиката ги раскарува пријателите и колегите,а ние тоа не го сакаме.Сопственикот е муслиман а муштерите од сите народности,македонци,власи,роми срби …
Најбитно е што човек си.

-„Јас сум овде во „Младост“ 40 години,откако постои берберницата.Работата оди многу добр,здравје,планирам да се проширам.Ние овде сме како семејство и не тераме политика,иако има многу поводи за тоа денес во Македонија.Но,знаете како е,луѓето се постојано се оптварени со секојдневните проблеми,а политиката доплнително ги натежнува,па кај мене во берберницата настојуваме да одржуваме пријатна атмосфера за опуштање и релаксација.За момент да се заборават проблемите.Муштеријата,освен миење,бричење или стрижење добива пиење и кафе на самото место“, вели Реџеп Демишоски.

Тој со занаетот се занимава 40 години,работи од 15 години,прво како чирак во берберницата во Струга,а потоа како мајстор во своето родно  село Подгорци.

-„Муштерии ми доаѓаат од цело село и од соседните села Вевчани и Лабуништа.Најмногу бројни се пензионерите и децата“, вели Демишоски. 

-„Не е битно што си по националност,туку што човек си,пред се,а потоа и каков мајстор си во работата што ја работиш.В о нашиот занает се е со препорака,така се добиваат и се губат муштериите,а не според тоа што си по националност “– така велат муштерите Александар Мариноски – Ацо ,Митре Ѓорѓески и Тасим и Сабрија Арсланоски кој пола работен ден го минуваат заедно со берберот „Брицо“.

Во берберницата можат да се забележат фотографии од сите претседатели на државата Јосип Броз Тито,Киро Глигоров и Бранко Црвенкоски кои на два наврати го имаа посетено Подгорци,Борис Трајкоски и Ѓорѓе Иванов и негови фотографии што се фотографира со секоја позната личност кој доаѓа во селото,  а посебно во берберницата.

Но,  за истакнување е тоа што берберот Реџеп,полуматурантите од ООУ „Гоце Делчев“од своето село Подгорци ги потстрижува и уредува бесплатно кога се фотографираат за табло,a старите изнемоштените лица ги шиша и бриче во домашни услови и не им наплатува.

автор Стојан Кукунешоски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани