Збогатена туристичката понуда во Вевчани, општината доби црногорска соба. Синоќа во ресторанот „Виа Игнација“ свечено беше отворено, ова пријатно, автентично катче во црногорски стил, каде ќе може да уживаат бројните туристи од Црна Гора, кои го посетуваат прекрасното Вевчани.
Дрвени маси и столови, комбинирани со крзнени елементи, музички инструменти автентични носии се дел од декорациите во црногорскиот амбиент.
– „Република Македонија и Црна Гора, односно нашите два народи имаат многу слично минато но и заедничка иднина резултат на тоа е отворањето на оваа црногорска соба.Оваа соба ке ја збогати нашата туристичка понуда и од денеска Вевчани покрај карневалот, изворите ќе добие уште еден силен мотив тоа е оваа црногорска соба каде нашите повеќе од 10 000 посетители во нашиот ресторан ќе имаат чест и задоволство да уживаат во неа“, рече Небојша Баткоски иницијатор на проектот.
На отворањето на собата во култниот вевчански ресторан присуствуваше амбасадорот на Црна Гора во земјава и министерот за надворешни работи на Црна Гора. За нив црногорската соба е мост за градење на пријателство помеѓу двете држави.
-„ Ние сме едни од ретките држави кои меѓусебно немаат отворени прашања. Тоа е нашата предност. Ние градиме денес нови мостови а еден од нив е оваа соба. Ние во иднина ќе се сретнуваме овде. Ќе има овде многу псоети од Црна Гора но и од трети држави“,рече Предраг Митровиќ амбасадорот на Црна Гора.
– „Црногорската соба се отвора во Вевчани место кое со својата духовна и природна убавина неодоливо потсеќа на најубавите црногорски предели. Од друга страна уверен сум дека оваа црногорска соба ќе има поголемо значење за развивање на економската и културната соработка помеѓу нашите држави голем потенцијал за привлекувањње на туристи од подалечни дестинации. “, рече министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ.
Инаку Вевчани од година во година станува се поатрактивна туристичка дестинација. Во пресрет на новогодишните празници во неповторливиот амбиент на Јабланица се бара место повеќе.
Новинар Соња Рилковска
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
