Македонија заедно со уште 500 изложувачи од 50 држави, три дена од 22-ри до 24-ти ноември ќе биде промовирана на 25-тото издание на мегународниот саем за туризам во Варшава.
Претсавници на Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски, како и претставници на општина Охрид Илија Пиперкоски и Гоко Апостолов од секоторт за туризам три дена ќе ги промовираат туристичките содржини на нашата земја и главниот туристички центар Охрид пред полскиот туристички пазар.
Директорот Јаневски денес на македонскиот штанд одржа состанок со ТО Рего Бис, кои се значајни партнери на Македонија, за зацврстување на нашата позиција на полскиот туристички пазар. Туристите од Полска бележат раст од 56% со остварени ноќевања кои се за 78% во пораст, за период јануари-септември 2018, споредбено со 2017г.
На Саемот за туризам во Варшава полска учествуваат 500 излагачи од 50 држави од Светов.