ФОТО + Видео: Помор на плашица во каналот Студенчишта

Стотици килограми плашица утрово угина во каналот Студенчишта. Глетката страотна плаицата се бори за кислород и полека умира.

Причини за угинувањеото се намалениот водостој на Охридското езеро за што пред само неколку денови предупредуваа екологистите. 

Надлежните од Хидробиолошкиот институт признаваат дека состојбата е загрижувачка. 

„Малата издашност на вода од Билјанини извори што е забележана подолг временски период поради временските услови и недотстокот на дождови во овој период исто така и ниското ниво на Охридското езр=еро а со тоа и намалениот волуме во Студенчишкиот канал  допринесоа за ваквата состојба зтоа што е намалена концентрацијата на кислород односно зголемена е густината на плашицата во каналот“ вели директорот на научната установа Хидробиолошки институт  Елизабета Сарафилоска, која беше на увид со своите колеги. 

 Со пумпи надлежните  ќе се обидат  да спречат еколошка катастрофа од поголеми размери. 

-„ Да се набават црпни пумпи кои што ќе се по должината на канлот и ќе овозможат аерација односно распрснување а кислород по површината на водата“ , додава Сарафилоска. 

Состојбата е алармантна, предупредуваат експертите. Угинатата плашица може да скапува и да предизвика еколошка катастрфа. 

-„По моја проценка можеби овде има угината 200, 300 до 500 кг плашица,  во некои си од следните периоди ке почне да се распаѓа ќе падне на нивото на каналот и ќе додје дод руги промени во водата во студенчикиот канал односно  ќе се промени микробиолошкиот квалитет на водата во каналот поради тоа што како што гледате приливот на свежа вода е многу мал речиси и да го нема, доток од други крајбрежни извори нема. Така да може да очекуваме уште полоа состојба“, вели Трајче Талески

 новинар Соња Рилковска 

Фотографии 

 

ВИДЕО: 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани