Сложно трио фалсификувало документи за огревно дрво

Тројцата направиле фалс документи за транспорт на бука.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(49) од дебарското село Мал Папрадник, против М.А. (51) од тетовското село Желино за казненото дело „соизвршителство“ и против А.К.(23) од струшкото село Велешта за казненото дело ,,фалсификување и уништување деловни книги”.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека првопријавениот вработен во Јавното претпријатие „Македонски Шуми-Стогово“, како референт овластен да издава испратници и да жигосува дрва, му овозможил на второпријавениот, во негово отсуство, неовластено да жигосува огревно дрво бука во количина од 24 метри просторни.Третопријавениот,како управител на фирма, иако знаел за нивниот меѓусебен договор,сепак издал испратницата за транспорт на дрвата со невистинита содржина и со печат од фирмата ги заверил потребните документи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани