Започна изградбата на нови конаци за гости во најголемото македонско светилиште Бигорскиот манастир.
Со утрена боженствена архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше г. Тимоеј, митрополит на Дебарско-кичевскагта епархија на МПЦ-ОА и на г. Јосиф, митрополит на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир и јеромонаси на монашкото братство беше положен и осветен темелот на манастирскиот конак наменет за гости. Изградбата ќе се врши камен и дрво, во стилот на мијачката архитектура, како што се изградени објектите на Бигорскиот манастир.
Новиот манастирски сместувачки капацитет ќе располага со 70-тина легла, чардаци и други заеднички простори кои ќе ги користат гостите.







