По рекетарската афера на Боки 13, сопственикот на 1ТВ и гласините дека имало обид за изнуда на пари од општина Охрид градоначалникот Константин Георгиески, ги негира овие информации.
-„Далеку од тоа, немало никаков рекет, ниту изнуда и било какви закани. Телевизијата испрати понуда за соработка, која и претходно ја имала со општина Охрид за отворено студио во текот на летните месеци. Неточно е дека некој се обидувал да не рекетира“, вели Константин Георгиески.
