Во екот на главната туристичка сезона, очекувано зголемен е обемот на работа на туристичката инспекција од општинскиот инспекторат.
Покрај контролата на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.
Во најголем број контролите покажуваат почитување на Законот за туристичка дејност, а само во еден случај е изречена глоба на неовластен туристички водич од странство.
Во оваа прилика се потсетуваат хотелите и другите туристички капацитети, да им укажат на гостите дека треба да користат лиценцирани туристички водичи за обиколка на археолошките локалитети и другите знаменитости, потенцираат од општина Охрид.