Внимавајте на вашите работи, крадците демнат

Мобилни телефони, паричници, лап топ компјутери, таблети, фотоапарати и други предмети  и ова лето се мета на разбојници  по охридските плажи. 

Крадците ја користат гужвата и невниманието на туристите за да им одземат вредни предмети.

Иако редовно во лето расте бројот на регистрирани кражби, полициската статистика вели годинава  намален е бројот на овие казнени дела во однос на лани.  Триесет проценти е намален бројот на тешките кражби, а скоро двојно помалку се регистрирани кражби на подрачјето на Охрид.

– „Сакам посебно да нагласам дека во овој период односно во првите шест месеци од оваа година регистрирани се 117 кражби , што претставува видно намалување во однос на случените 170 кражби во истиот период минатата година. Кога станува збор регистрираните кражби,  за среќа и тука е намален бројот на регистрирани кривични дела. Во првите шест месеци од годинава регистрирани се 39 вакви кражби што претставува намалување во однос на лани, кога се регистррани 62 казнени дела кражба“ , вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Кражбите се извршуваат во згодна прилика, при незаклучена врата од апарманот, необезбеден автомобил , невнимание на плажа или во угостителските објекти.

Од полицијата апелираат на поголемо внимание.

„Апелирам до граѓаните да внимаваат посебно и повеќе на своите предмети кои ги оставаат необезбедени. Токму тоа е клучниот момент кој е предизвикувачки за сторителите на овие казнени дела „кражба“ и „тешка кражба“. Имено вредни предмети, пари, паричници и слично се оставаат необезбедени и тие се лесен плен за извршителите, кои во овој период во текот на летото доаѓаат од повеќе места и ги извршуваат кражбите. Во оваа насока напоменувам дека дел од кражбите се резултат на необезбедени станови, домови итн. Оставени отворени влезни врати“, додава Димоски.

За поголема безбедност од разбојништа  и нарушувања полиициските службеници  секојдневно патролираат  и по охридските плажи и низ централното градско јадро, со што зголемена е откривачката моќ на полицијата.

-„Сакам да нагласам дека во текот на летниот период посебно ги обезбедуваме плажите имаме полициски службеници во цивил, но и униформирани полициски службеници кои вршат едноставно превентивна обиколка по плажите оттука е и зголемената реализација на кражбите извршени на плажите“, додава Димоски.

Крадците не ретко се од други градови, доаѓаат во лето за да опериараат  во главниот туристички центар, кога има огромен број на гости  од земјава и странство.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles