Жбогар: Нема резултати по препораките од УНЕСКО

Треба да се вложат напори за да се дојде до очкуваниот резултат.

Поминаа две недели од препораките на УНЕСКО во врска со Охридскиот Регион и јас не гледам резултати од тоа, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на Општина Дебарца. Тој додаде дека треба да се вложат напори за да се дојде до очкуваниот резултат.
-Потребна е меѓусебна соработка помеѓу сите институциите за да се исполнат препораките на Унеско за Охрид.Од 4 јули кога Унеско ја даде препораката па се до 1 февруари има време,но до овој момент нема никаков резултат на тоа поле, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Според него потребна е нова енергија и нов начин за справување со овој проблем. Евроамбасадорот потенцира дека вчера имал средба со неколку еко активисти кои изразиле загриженост дали воопшто препораките ќе можат да се исполнат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани