Санирана браната на Слатинско езеро

Реконструирана и пуштена во употреба браната на Слатинско езеро.

 

Реконструкцијата чина 1,2 милиони евра  во рамки на програмата на Европската унија за санација на штети од поплави.

– Со реконструкцијата постигната е структурна стабилност на браната и отпорност од надојдени води со што се намалува ризикот од поплави. Истовремено санирањето ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на обработливите површини, истакна министерот Димкоски.

Евроамбасадорот Жбогар изрази задоволство што се завршува проектот за санација на браната, нагласувајќи дека се работи за дел од активностите финансирани од ЕУ, насочени кон поголема подготвеност за справување со евентуални природни непогоди.

– Климатските промени носат непредвидловости во природата, оттаму потребата за што поголема подготвеност на такви појави. Неодамна во Охрид го отворивме Центарот за спасување на планина и на вода, сега го промовираме овој проект за санација на браната на Слатинското Езеро. Вредноста на овој проект изнесува 1,2 милиони евра, а опфаќа не само нејзина реконструкција, туку и нејзино осовременување, во насока на подобрување на нејзината отпорност на потенцијални опасности, рече Жбогар.

 Браната на Слатинско езеро пукна во 2013 година, од тогаш до денес исчезна езеото од хидрографската мапа на земјава. После овој проект ќе се врати животот на езерото. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани