Георгиески: Одбележувајќи ги двата Илиндена , ние славиме поставување на темелите на македонската државност

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески на сите oхриѓани и останати граѓани на Република Северна Македонија им го честита 2-ри август, Денот на Републиката.

 

– Одбележувајќи ги двата Илиндена 1903 и 1944, ние славиме за поставување на темелите на македонската државност. Денес се потсетуваме на херојските дела на сите илинденци и борци кои со своите животи ја испишаа македонската историја ,а нивните идеали за слобода и независност станаа наша реалност .

Многу години по Илинденското востание и Првото Заседание на АСНОМ чекорејќи по стапките и водејќи се според идеалите на нашите херои , обединети и сложни продолжуваме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество. Рамо до рамо со модерните демократски држави сме дел од НАТО и смело чекориме кон рамноправно членство во Европската Унија. Продолжуваме посветено и одговорно да ја надградуваме и развиваме нашата татковина во сите сегменти од општественото живеење со цел да обезбедиме подобра иднина за сите нас и нашите поколенија . Нека ни е честит и вековит 2- ри август, Денот на Републиката.

Social profiles