Полицаец повреден во сообраќајка

Полицаецот би на мотор, сега е пренесен во „Св.Еразмо“.

Доцна вечерва се случила тешка сообраќајка на патот Охрид – Св. Наум, кај населбата Лагадин. Дознаваме дека тешко повреден е сообраќаен полицаец од СВР Охрид кој со службен мотор се движел по патот и дека во сообраќајката учествувало и друго возило. Информацијата за случената сообраќајка ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој не даде подетални информации како се случила сообраќајката. Димоски, за утре најави повеќе информации. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани