Георгиески: Охрид избра да оди напред!

Охрид избра да оди напред!, рече синоќа новиот градоначалник на Охрид Константин Георгиески, кои освои над 3000 гласови повеќе од својот противкандидат Митре Милошески од ВМРО ДПМНЕ.

 

-„Јасно и девосмислено на фер и демократски избори граѓаните ја искажаа својата волја да продолжат по еврпскиот пат , кон просперитет и подобра иднина на нашиот град. Сакам да му се заблагодарам на сите кои гласаа посебно на сите кои ме поддржаа мене и мојот тим, но и на високото ниво на култура. Нашето мото Заедно напред не е гола флоскула,  туку да продолжиме на патот да го градиме Охрид и да го направиме тоа што сите ние го заслужуваме“, рече Георгиески.

Податоците на ДИК покажуваат дека Георгиески на вчера одржаниот втор круг од предвремените избори за градоначалник, ја добил поддршката од 16.523 граѓани на Охрид или 54,6 отсто од гласовите на граѓаните, односно 3.855 гласа повеќе од неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски за кого гласале 12.668 лица или 41,68 отсто од граѓаните што вчера излегле на избори.

Инаку охридскиот огранок на СДСМ синоќа на полноќ славеше на градскиот плоштад. Со развеани знамиња, свирежи на автомобилите, факели и весела музика илјадници симпатизери ја славеа победата. 

Видео од прославата на охридксиот плоштад:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани