Избраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја порази противкандидатката, Гордана Силјановска, со 58.499 гласа разлика на вториот круг од претседателските избори.
Разликата во гласовите во првиот круг од изборите, пак, беше 4.240.
Во вториот круг од претседателските избори избројани се 844.265 гласачки ливчиња, од кои важечки се 813.925, а неважечки 30.442. Конечниот процент на излезноста е 46,7 отсто.
За Стево Пендаровски 436.212 гласачи (51,66%), а за Гордана Сиљановска 377.713 (44,73%).
Најголема разлика во гласовите Стево Пендаровски ја доби главно во општините во Западна Македонија.
Повеќе гласови Пендаровски освои и во Крива Паланка, Ранковце, Делчево, Куманово, Берово, Радовиш, Конче, Долнени, Крушево, Струмица…
Додека во општините Сопиште, Македонски Брод, Дебарца, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Илинден, Петровец, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гевгелија, Велес, Штип… повеќе гласови освои Гордана Слјаноска.