Георгиески оствари средба со италијнскиот амбасадор

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Карло Ромео, амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка особено во сферата на туризмот и организирање на презентација на Охрид во некој италијански град.

Двајцата соговорници разменија мислења и околу заштитата на природното и културното наследство на Охрид, како и реализацијата на обврските за кои се разговараше на последната 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се одржа во Баку во Азербејџан.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани