Отворен центарот за безбедност во планина

Отворен Центарот за спасување во планина во Охридскиот регион.овој центар ќе има значителна улога во развојот на алтернативниот туризам. 

 

-„Не е целта само да се привлекуваат туристи, туку да водиме грижи тие да бидат безбедни. За поздравување е што овој центар ќе слу и за заштита на туристите кои ја посетуваат планината. Втората компонента од овој проект е отворање на Центар за спасување на вода  во Поградец. Ние сме многу задоволни што со ИПА компонентата се подобрува економската положба во овие два региони  аи меѓусебната комуникација и добрососедските односи“, рече министерот за локална смаоуправа Горан Милески.

Охридскиот регион има голем потенцијал за развој на алтернативен туризам. Зголемувањето на туристи носи опасност од поголем број несреќи и треба да бидеме подготвени тие да бидат безбедни. 

-„Овој проект е градење на капацитетите, од првиот повик на ИПА програмата. прекуграничната соработка ги соединува интересите на двете земји. Од енда страна го помогаме Црвен крст Охрид, спасителите во планина а во исто време од албанска страна ја подобруваме безбедноста на вода“, рече амбасадорот Жбогар. 

-„Сакам да се заблагодарам на ЕУ за овој проект Охридско езеро безбедна дестинација за планински туризам. Ова е подобрување на туристичката понуда во Охрид во однос на безбедноста на туристите меѓутоа и на домашните алпинисти кои уживаат во благодетите на прекрасната планина Галичица и околниот регион“ , рече Кнстантин Георгиеки градоначалник на општина Охрид. 

За овие девет проекти искористени се 3 милиони евра, а на располагање се нови пет милиони евра од ИПА а Македонија и Албанија треба да решат за што ќе ги наменат. Една од идеите е завршување на колекторскиот систем во Охрид и правење на колекторски сиетсм од албанска страна на Охридското езеро. 

Social profiles