Малолетничка насилно грабната во Струга

Грабнувањето го пријавил нејзиниот татко.

На 09.07.2019 во 11,50 часот во ПС ОН-Струга, 60-годишен маж од село во Струга пријавил дека најверојатно од страна на Ф.А. била насилно одведена неговата малолетна ќерка. Од преземените мерки добиени се сознанија дека девојката била во љубовна врска со Ф.А. и неколку пати претходно одела кај него по неколку денови и се враќала.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, појаснува дека „полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани