Георгиески оствари средба со организаторите на „Охрид ТрчаТ“

Градоначалникот Константин Георгиески,  оствари средба со организаторите на Спортската манифестација „Охрид трчат“, која годинава по петти пат ќе се одржи во Охрид на 6-ти јуни.

На средбата се разговараше за подготовките за овогодинешното издание како и за деталите на сите предвидени настани во рамки на програмата. Исто така беше разговарано и за организацијата на традиционалната Панел дискусија,  посветена на спортскиот туризам, на која свое учество ќе има и градоначалникот Георгиески.

Организаторите на манифестацијата на градоначалникот му доделија Плакета во знак на благодарност за поддршката која Општина Охрид ја обезбедува за одржување на овој спортски настан.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани