Главна расправа во повтореното судење за убиството на Матилоски

Денеска ќе бидат изнесени завршните зборови на повтореното судење во случајот Матилоски.

Во охридскиот Основен суд, денеска продолжува главната расправа во повтореното судење за убиството на охриѓанец Димитар Матилоски.Согласно законската регулатива и меѓународните правни прописи, во охридскиот суд на денешната расправа не може да се примени присилно доведување на српските државјани предложени како сведоци од Основното јавно обвинителство. Тие, на први јануари 2016 година веќе дали изјави во врска со убиството.
Инаку, убиството на Матилоски се случи на Новогодишната ноќ 2016 година кога Бојан Угреновиќ од Краљево-Србија на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид. На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. Мајката на загинатото момче вели дека никогаш нема да се откаже од брањето на правдата убиецот да одговара за делото кое го сторил.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани