Глобалниот совет за одржлив туризам одржува обука во Охрид

Експерти од Глобалниот совет за одржлив туризам, денеска и утре одржуваат обука во Охрид.

На дводневната обука, експертите од Глобалниот совет за одржлив туризам ги презентираат стандардите на одржливиот туризам, можностите за спроведување и подобрување на овие практики во Македонија. Глобалниот совет за одржлив туризам е дел од Светската туристичка организација на ОН и клучен фактор за нормирање на стандардите за одржлив туризам.Обуката на експертите од Глобалниот совет за одржлив туризам се реализира по претходно извршената нивна анализа на постојните практики за одржлив туризам во Македонија со акцент на Охрид како најзначајна туристичка дестинација во Македонија спроведена во март годинава. Обуките во Охрид ги следат повеќе хотелско туристички работници, претставници на општините и на образовни институции, НВО и други.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани