СВР Охрид презема мерки за расчистување на настан пријавен во СВР Охрид утрово околу 09 часот од страна на А.В.(37) од Охрид.
Според пријавителот, денеска околу 02,00 часот пред дискотека „Парк“ во Охрид бил физички нападнат од неколку лица кои му нанеле повеќе удари со раце и метални шипки по телото особено во пределот на главата и му одзеле паричник во кој имало 8 000 денари и мобилен телефон марка „Самсунг Галакси“.
Воедно, мерките се насочени и кон пронаоѓање на лице кое, денеска околу 11 часот го нарушило јавниот ред и мир во пицеријата „Стационе“ во Охрид лоцирана на кеј „Македонија“ при што оштетило дел од инвентарот на пицеријата, информира портпаролот на СВР Охрид.
