Во јули во Охрид ќе се реализира сообраќајната кампања „Го сакам градот безбеден“.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Охрид, од 7 до 14 јули во Охрид ќе ја реализираат превентивната кампања „Го сакам градот безбеден“.
-Со тоа, ја најавуваме втората недела на безбедност во сообраќајот која ќе се одржи од 7 до 14 јули во Охрид. Во тие седум дена секојдневно ќе се реализираат различни превентивни и едукативни активности, изјави м-р Стефан Димоски,претседател на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот Охрид.


